Еден од најстарите клубови во Турција, Анталија, клуб, кој во минатата сезона ја освои 7. позиција во турскиот шампионатот се наоѓа пред згаснување и сѐ уште не се знае дали тимот ќе се натпреварува во новата натпреварувачка сезона, пренесува турскиот портал „Хабер-хендбол“.
Главна причина за можното згаснување на турскиот суперлигаш е недостигот на финансиски средства. Клубот е основан во 1966 година и претставува синоним за ракометот во Анталија.
Дресот на Анталија во минатото го носеше и екс голманот на репрезентацијата на Македонија, Петар Ангелов, како и голманот од Велес, Виктор Гигов, кој моментално настапува за ПАОК.
Во Анталија настапуваше и екс ракометарот на Вардар и Металург, Александар Стојановиќ и уште неколку ракометари од поранешна Југославија. Клубот во 2020 година го имаше првото учество на европска сцена.