Ракометарките на Бекамент Буковичка Бања се новиот освојувач на трофејот на турнирот „Ѓорче Куп“.
Тие во финалето славеа над Ѓорче Петров со 31-23, а покрај трофејот за Србија однесоа и една индивидуална награда.
За најдобра голманка беше прогласена Марија Симиќ од Бекамент, најдобар стрелец е Ангела Костовиќ од Овче Поле Славјански Универзитет, додека МВП на турнирот е Милица Николиќ од домаќинот.
Во битката за трето место Вардар го победи Борац Бања Лука со 26-25, додека во дуелот за петто место српскиот Бор беше поуспешен од Овче Поле СУ со 33-28.