Од денеска па до недела во салата „Христо Батанџиев“ ќе се одржува второто издание на турнирот „Ѓорче Куп“.
Во првиот натпревар, македонскиот шампион Ѓорче Петров, славеше против Вардар со 32-27, откако и на полувреме водеше со 18-14.
Во вториот дуел, кој беше натпревар меѓу два српски тима, Бекамент не дозволи изненадување против Борац и трумфираше со 37-28.
Утре на програмата ќе има четири натпревари, по два во утринскиот и во вечерниот термин.
„Ѓорче Куп“, распоред на натпревари:
26.08 (петок)
Ѓорче Петров – Вардар 32-27
Бекамент – Борац 37-28
27.08 (сабота)
10:00 часот, Овче Поле СУ – Борац
12:00 часот, Бор – Вардар
18:00 часот, Овче Поле СУ – Бекамент
20:00 часот, Ѓорче Петров – Бор
28.08 (недела)
10:00 часот, натпревар за петто место
18:00 часот, натпревар за трето место
20:00 часот, финале