Се одигра половина од денешната двојна програма на второто издание на турнирот „Ѓорче Куп 2022“.
Ракометарките на Вардар ќе играат за третото место на турнирот, откако го совладаа српскиот тим Бор со 32-27.
Избраничките на Александар Царчев на полувреме имаа само гол предност, 17-16, но во вториот дел одиграа подобро и на крајот славеа убедливо.
Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет загуби со десет гола разлика, 38-28, а вечерва го чека уште еден натпревар против Бекамент.
Домаќинот Ѓорче Петров ќе се сретне со српскиот тим Бор во вечерниот термин и ако слави ќе обезбеди место во финалето.
„Ѓорче Куп“, распоред на натпревари:
26.08 (петок)
Ѓорче Петров – Вардар 32-27
Бекамент – Борац 37-28
27.08 (сабота)
Овче Поле СУ – Борац 28-38
Бор – Вардар 27-32
18:00 часот, Овче Поле СУ – Бекамент
20:00 часот, Ѓорче Петров – Бор
28.08 (недела)
10:00 часот, натпревар за петто место
18:00 часот, натпревар за трето место
20:00 часот, финале