По одигрувањето на второто и третото коло на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, познати се двојките за последниот ден.
За трофејот во Прилеп, ќе се борат домаќинот и српскиот гостин Дубочица Лесковац, откако прилепчани славеа во драматичен двобој со Струга со гол разлика, 27-26.
Во битката за третото место ќе се соочат Струга и Скопје, додека за петтото место ќе играат ПАОК Солун и новиот македонски прволигаш Мулти Есенс.
Турнир „Миле Нешкоски“:
Прилеп – ПАОК 28-26
Дубочица- Мулти Есенс 36-22
ПАОК – Струга 28-28
Дубочица – Скопје 39-29
Прилеп – Струга 27-26
Скопје – Мулти Есенс 35-29
28.08 (недела)
09:00 часот, натпревар за петто место, Мулти Есенс – ПАОК
11:00 часот, натпревар за трето место, Скопје – Струга
13:00 часот, финале, Прилеп – Дубочица Лесковац