Турнир „Марко Божиновски“: Нексе триумфално со Алкалоид, против Војводина ќе се бори за трофеј

Денеска е последниот ден на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, кој се одржува по првпат.

По комплетирањето на натпреварите по групи со двата утрински меча, познато е кои екипи ќе разигруваат за трофејот.

Војводина утринава го победи Пролет со убедливи 40-27, додека Нексе немаше проблем со Алкалоид и славеше со 33-24.

По победите на гостинските екипи од Србија и Хрватска, тие ќе играат вечерва за трофејот, додека за третото место ќе се соочат Голден Арт и Пролет.

Меморијален турнир „Марко Божиновски“, распоред:

16:00 часот, Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје, за седмо место
17:30 часот, Вардар – Алкалоид, за петто место
19:00 часот, Голден Арт – Пролет, за трето место
20:30 часот, Нексе – Војводина, финале