Европскиот шампион Барселона го потврди и третото скандинавско засилување во пресрет на новата сезона.
По Хампус Ване, Емил Нилсен, на ред дојде и левиот бек на шведската репрезентација Јонатан Карлсбогард.
Договорот со поранешниот ракометар на бундеслигашот Лемго е потпишан до летото во 2025 година.
Минатата сезона левиот бек Карлсбогард постигна 128 гола во Бундес лигата и 48 во Лигата на Европа. Со шведската селекција стана европски шампион во 2022 година и светски вицепрвак во 2021 година.