Полскиот шампион и европски вицепрвак Келце, од следната сезона нема да смета на тројца ракометари од актуелниот ростер.
Мигел Санчез Мигаљон, Дамијан Домагала и Матеуш Корнецки заминуваат од Келце, а вчера се простија од фановите на собирот на плоштадот во овој полски град.
Шпанскиот дефанзивец се сели во португалската Бенфика, додека Домагала оди во Торус Вибжеже Гдањск.
Голманот Корнецки би требало да му се придружи на Никола Митревски на голот на португалскиот првак Порто.
Покрај тројцата ракометари, од Келце заминува и Бертус Сервас, претседателот на полскиот шампион по 21 година.