Екипата на Веспрем не го одигра последниот натпревар против Барселона поради тоа што ракометарите на тимот од Шпанија се наоѓаат во карантин. Сепак, после ова се појавија вести дека во клубот има позитивни ракометари.
После тестовите во понеделникот играчите имаа и нов, а во четвртокот тројца беа позитивни. Од клубот веќе ги објавија имињата на ракометарите кои беа со позитивен текст, a се работи за Мате Лекаи, Блаж Благотиншек и Кентин Мае. Тие му се придружија на Родриго Коралес на списокот на поитивни.
Од клубот информираат дека тие се во добра здравствена состојба, а никој од нив нема посериозни симптоми.Сепак, ќе останат во карантин додека другитге се очекува да се вратат на обврските и да можат в среда да го одиграат натпреварот против Кил во Лигата на шампионите.
Четворицата позитивни не се во комбинација за тој дуел и тие ќе бидат во карантин до петок така што тренерот Давид Дејвис ќе мора да комбинира за средбата против „зебрите“. Инаку, позитивни има само кај играчите, а комплетниот стручен штаб е негативен.