Тројца ракометари од македонската Суперлига, се најдоа на списокот на селекторот Никола Максимовиќ за настап за селекцијата на Грузија во претстојните квалификации.
Двајцата металурзи, десното крило Реваз Чантурија и средниот бек Иракли Кбилашвили, како и членот на Охрид, Лексо Цителишвили ќе одиграат пет меча за десетина дена.
Грузија ја чека квалификациски турнир за СП во 2021 година во Египет, како и бараж за место во квалификациите за ЕП 2022 година во Унгарија и Словачка.
На турнирот во Италија, Грузија ќе игра со домаќинот, Косово и Романија за место во баражот за СП, додека ја чека и двомеч со Финска за место во квалификациите за следното ЕП.