Медиа тимот на регионалната СЕХА лига го избра идеалниот тим за месец ноември, а во него се наоѓаат тројца ракометари од шампионот Вардар.
Десното крило Иван Чупиќ, средниот бек Сташ Скубе и пивотменот Домен Сикошек Палко се најдобри во регионот на своите позиции.
Вториот македонски претставник Еурофарм Работник ги загуби трите меча во ноември, па нема претставници во идеалниот тим.
Идеален тим на СЕХА за ноември:
Голман: Тодор Јандриќ (Металопластика)
Лево крило: Милош Грозданиќ (Војводина)
Лев бек: Борут Мачковшек (Веспрем)
Среден бек: Сташ Скубе (Вардар)
Десен бек: Микита Ваилупау (Мешков Брест)
Десно крило: Иван Чупиќ (Војводина)
Пивотмен: Домен Сикошек Пелко (Вардар)
Тренер: Веселин Вуковиќ (Металопластика)