Тројца битолчани на терен во Финска – само еден се радуваше

Во финскиот шампионат започнаа натпреварите во плеј-офот, а дел од разигрувањето за титула се тројца македонски интернационалци.

Игор Трајковски и Филип Чурлевски играат за Сјундеа ИФ, додека Стефан Трпчевски е дел од БК-46.

Во последниот дуел БК-46 славеше на гости кај Сјундеа ИФ со 24-31, иако домашниот тим водеше на паузата со еден гол, 14-13.

Чурлевски даде пет гола, а Трајковски четири во поразениот тим, додека Трпчевски беше стрелец на два гола за БК-46.

Сјундеа ИФ нема шанси за титулата, а за неа ќе се борат БК-46, Кокс и Дикен.