Тимот на Талент Плзен каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески, загуби по подолго време во чешкиот шампионат.
Плзен беше поразен на гостински терен од Робе Жубри со 33-30 во вториот меч од полуфиналната серија.
Костески беше меѓу подобрите во редовите на Плзен и успеа да постигне три гола на овој натпревар.
Следниот натпревар меѓу Плзен и Робе Жубри од полуфиналето на плеј-офот во Чешка ќе се игра в сабота.