Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ ќе бидат домаќини на завршните турнири во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција, потврди Раккоометната федерација.
Шесте натпревари кај мажите и жените ќе се играат од 11 до 13 мај, односно од четврток до сабота, кога ќе се играат двете финални средби.
Во четврток ќе се одиграат двете полуфинални средби кај мажите, во петок двете полуфиналиња кај жените, додека сабота ќе биде резервирана за двете финалиња.
Бранители на трофеите се екипите на Вардар и Металург, кои славеа минатата сезона во Кавадарци против Еурофарм Пелистер и Ѓорче Петров.
На машкиот Ф4 оваа сезона покрај Вардар, ќе играат Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Пролет, додека на женскиот Ф4 покрај Металург ќе играат Вардар, Ѓорче Петров и Куманово.
Охрид беше домаќин на Суперкуп натпреварот оваа сезона, кога се сретнаа екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер.