После Даинис Кристопанс и Павел Атман екипата на Вардар ја напушта уште еден играч. Голманот Калифа Гедбан за чие ангажирање беше кренато доста прашина бидејќи дојде од тимот на Хенил како големо засилување, а не ги оправда очекувањата си заминува и одново ќе има шанса да игра во Асобал лигата.
Гедбан е објавен како ново име во тимот на Адемар Леон каде што се очекува да добие можност да се бори за првото место на голманската позиција со Славиќ и Патоцки. Тој одигра сезона и пол меѓу „црвено-црните“, а на Ф4 турнирот во Келн лани имаше забележителни моменти кога добро го надолни Милосављев.
Сепак, трансферот на Гедбан нема да се реализира до крајот на овој преоден рок туку после завршувањето на сезоната. Тој оди во Асобал лигата во јуни, а доколку овие најави бидат потврдени тогаш нема да има промени на голманската позиција до крајот на оваа сезона.