Ракометарките на Вардар по двете дерби победи над Ѓорче Петров и Металург, го забележаа и третиот триумф во Женската лига.
Избраничките на Драгана Ристова славеа на гостувањето кај Овче Поле СУ во Свети Николе со 14 погодоци разлика, 22-36.
Победникот беше решен уште по првото полувреме кога вардарки погодија 20 пати, а примија само 10 погодоци.
Најдобри стрелци кај победникот беа Ивона Трпевска со девет и Бојана Коцева со шест погодоци, додека кај Овче Поле СУ се истакна Диана Димова со осум гола.