Македонскиот интернационалец Тоше Ончев кој настапуваше за словенечкиот Тримо Требње на левата бековска позиција го напушта клубот после една сезона.
Ончев имаше многу добри настапи во дресот на Тримо и постигна многу значајни погодоци што раководството на словенечкот клуб го испочитува.
Тримо Требње и раководството на клубот му се заблагодарија на Ончев за сè што стори за клубот и му посакаа среќа во кариерата во иднина.
Македонскиот интернационалец најверојатно од лето се враќа во татковината.