Трилер со среќен крај за битолчани – погледнете ја последната минута од Суперкупот (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер го одбрани трофејот во Супер купот откако во драматичен меч во Охрид го победи Вардар со 23-22 (12-12). Иако Вардар имаше од водство 22-20 на десет минути пред крајот, предноста на скопјани се стопи и Жарко Пешевски во 56 минута израмни на 22-22 најавувајќи неизвесност и драма во Охрид. Вардар следниот напад под закана за пасивна игра не го реализираше, но на спротивната страна Борко Ристовски по четврти пат успешно одбрани давајќи му шанса на својот тим повторно да поведе. Марко Кизиќ го одбрани ударот и на 90 секунди до крај им даде нова надеж на соиграчите. Ларс Валтер побара тајм аут со совети како во следните секунди да се игра. Суси во последната минута му донесе водство на Еурофарм Пелистер од 23-22, додека последниот удар на Вардар заврши во голманот Марко Кизиќ кој му донесе нов трофеј на тимот. Драмата во Охрид погледнете ја на видеото во продолжение...