Во Лигата на Европа се одиграа голем број натпревари, a фаворитите остварија нови победи. Најинтересно беше на натпреварот во Шпанија каде што Адемар беше домаќин на Чеховски Медведи.
Натпреварот од групата А каде што е Металург беше многу интересен и со многу пресврти на резулатот. Адемар после голема борба и неизвесност го совлада Чеховски Медведи со 33:32. Иако гостите од Русија имаа и три позитива, не беше доволно да избегнат пораз.
Тримо Требње не успеа да направи изненадување против бундеслигашот Рајн Некар и на домашен терен беше поразен со 29:35. Во Групата Д, гостинскиот тим уште во првиот дел обезбеди доволна позитива за конечна победа на натпреварот.
Хрватскиот претставник Нексе имаше уште еден одличен натпревар и забележа победа против шведски Алигнсас со 35:30. Нексе имаше предност во најголемиот дел од натпреварот и залужено стигна до нови бодови.
На останатите натпревари Магдебург стигна до лесна и убедлива победа против Бешикташ со 41:22, Ним на домашен терен го совлада Татран Прешов со 25:20, а Висла Плоцк со сигурно издание против Фиверс во Австрија освои нови бодови откако славеше 30:22.
ЛИГА НА ЕВРОПА, РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА А
АДЕМАР ЛЕОН – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ 33:32 (17:19)
ФИВЕРС – ВИСЛА ПЛОЦК 22:30 (9:14)
ТАБЕЛА
ГРУПА Б
НИМ – ТАТРАН ПРЕШОВ 25:20 (12:11)
ТАБЕЛА
ГРУПА Ц
МАГДЕБУРГ – БЕШИКТАШ 41:22 (21:11)
НЕКСЕ – АЛИНГСАС 35:30 (16:14)
ТАБЕЛА
ГРУПА Д
ТРИМО ТРЕБЊЕ – РАЈН НЕКАР 29:35 (13:19)
ТАБЕЛА