Трефилов: Сакам да седнам пак на клупата, но додека лекарите не ми дозволат…

Одлично познатиот тренер од Русија, Евгениј Трефилов во последно време се соочи со многу проблеми бидејќи мораше да биде инадвор од терените поради срцето, па сега уште нема дозвола да седне на клупата и да може да го води тимот како порано.

„Не го водев тимот, но го контролирав процесот на обука. Сепак, треба да седнам на клупата. Ова не е доволно за мене. Меѓутоа, додека лекарите не ми дозволат нема да можам да го направам тоа. Во Кубан ќе продолжам да бидам главен тренер, но од позадина. Како потпретседател навистина би сакал да го кренам и нивото на помладите тимови и тоа на највисоко“, вели Трефилов за Брз Центар.

Тој го водеше тимот на Кубан од 2016 до 2019 година, а истата година доби забрана за работа, па ја напушти и репрезентацијата. Сега очекува да добие можност да седне одново на клупата на Кубан, а дали ќе добие дозвола за тоа останува да се види.