Пред пет месеци легендарниот руски тренер Евгениј Трефилов беше назначен на функцијата потпретседател на Ракометната федерација на Русија. Како една од неговите одговорности и задачи е развој на ракометот, а особено женскиот во кој работи долго време.
Трефилов смета дека треба да се даде можност особено на домашните ракометарки што повеќе да играат во руските клубови и да имаат предност пред странските играчи. Исто така во неговото излагање истакна дека една од најважните работи е вложувањето во млади ракометарки, доколку има квалитетни млади играчи и репрезентацијата ќе добие повеќе.
„Во Ростов играат најдобрите ракометарки од репрезентациите на Холандија и Германија, Луис Абинг и Јулија Бенке беа одлични на првенството во Кумамото им симнувам капа, но прашањето е каде се нашите ракометарки? Кој ќе игра во репрезентацијата кога тие седат на клупата. Јас не сум националист, но во секој случај треба да го развиваме своето и да го поддржуваме нашето. За да направиме нешто за почеток ви требало да го следиме потегот на одбојарската федерација и га го ограничиме бројот на двајца странци. Странските играчи треба да бидат искористени за да од нив научиме нешто повеќе“, коментираше Трефилов.