Европската ракометна федерација трето коло по ред се соочува со одложување на натпревар од Лигата на Европа.
Поради три позитивни случаи во тимот на Фуксе Берлин, ЕХФ го одложи натпреварот што требаше да се одигра против швајцарскиот првак Фади Винтертур.
Овој дуел требаше да го судат македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Претходно имаше уште три одложени средби во Лигата на Европа, но сите сега добија нови термини. Фади Винтертур ќе је пречека Бидасоа на 14 декември, шпанците ќе гостуваат кај Висла Плоцк на 16 декември, додека двобојот меѓу Савхеоф и Магдебург ќе биде одигран на 14 декемврк.