Трета радост за Овче Поле

Ракометарките на Овче Поле дојдоа до третата победа сезонава, а тоа го направија на дуелот против Пелистер со 27:25.

Домашните беше подобриот противник во текот на целата средба. Водеа од првата минута и не дозволија гостинките да им задаваат проблеми иако постојано беа близу.

Во текот на првото полувреме најголемата предност беше четири гола, но гостинките се вратија. Сепак, не успеаја и да направат пресврт. После 9:5, на одмор се замина со 13:12, а потоа следуваше нешто поинтересен тек на настаните/

Гостинките израмнија на 14:14, но повторно тоа беше сè. Ракометарките на Овче Поле СУ одново дојдоа до плус четири и го решија победникот. При 26:22 веќе беше јасно кој ги освојува бодовите, па можеше мирно да се доврши средбата.

Дојде до мало опуштање, но веќе беше доцна за тимот на Пелистер да се избори за нешто повеќе на овој натпревар.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ПЕЛИСТЕР        27:25 (13:12)

Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Младеновска Кузмановска, Јовановска 5, Стоилова 1, Вучевска 7, Манева 6, Велковска 1, Костова 2, Стојанова, Гигова 5, Мицевска, Ташкова, Маркова.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 8 мин.

ПЕЛИСТЕР: Тодоровска, Наумовска, Дишковска, Бошевска 2, Раиф 4, Милосављевиќ 7, Николовска, Белевска 9, Јанкуловска 3, Гроздановска, Спирковска.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 14 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АСТИБО00000
2МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ00000
3СКОПЈЕ00000
4СТРУЖАНКА00000
5ЧАИР00000