Трета нула за Вардар по ред: Кил грабна цел плен во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Кил (Лига на шампиони)

Вардар не успеа да ја прекине серијата на порази, па после загубените дуели против Монпелје (дома) и Алборг (гости) загуби и дома од Кил со 26:29. Остана на пет поени освоени на стартот од сезоната кога беше обезбедено реми против Елверум (гости) и победи против Алборг (дома) и Мешков Брест (дома).

Вардар не успеа да ја прекине серијата на порази, па после загубените дуели против Монпелје (дома) и Алборг (гости) загуби и дома од Кил со 26:29. Денеска „црвено-црните“ имаа одлично прво полувреме и контрола до 40. минута од средбата кога противникот направи пресврт, дојде до водство и до крајот на натпреварот беше во постојана предност. Кил си замина со победа од Скопје иако беше некомплетен, а Вардар ќе мора да надоместува после паузата.