Тимот на ЕРД за малку избегна распад и догодина ќе игра само со млади ракометарки во Женската лига, а тимот на Вац не се пријави за настап во Машката унгарска лига.
Трета жртва во унгарскиот ракомет е тимот на Мезоковешди, а на сличен пат би можел да тргне и тимот на Егер Естерхажи.
Мезоковешди веќе ја извести федерацијата дека се откажува од настап во лигата поради тоа што нема да ги добива парите од Општината што досега ги добиваше.
Најголем проблем за повеќето унгарски клубови е тоа што се под градска капа, а Општините ги намалуваат или ги откажуваат вложувањата во спортот.