Тимот на Паргас ИФ, каде што настапуваат македонските интернационалци Илија Крстевски и Александар Тренчевски, освои голем бод на гостувањето кај Грифк, 30-30.
Иако гостите водеа со 14-16 на полувремето, на крајот можеа и да загубат, па може да бидат задоволни со бодот.
Тренчевски беше најефикасен на натпреварот и постигна девет голови, додека Крстевски беше стрелец на седум.
Во следното коло Паргас ИФ ќе игра дома со Дикен.