Ракометарот кој сезонава од Струга се пресели во тимот на Паргас ИФ, Александар Тренчевски после добрите игри доби продолжување на договорот од раководството на клубот така што останува дел од оваа екипа и во иднина.
Тренчевски ќе ја продолжи соработката со Паргас ИФ и во сезоната 2020/21 така што сигурно ќе игра во овој тим и во следната сезона.
„Александар е многу важен играч за нас. Со неговото доаѓање добивме на квалитет така што таков играч му е потребен на нашиот клуб“, вели Роберт Аберг.
Тренчевски покрај тоа што ќе продолжи со игрите за овој тим же работи и како тренер во младите категории така што паралалено со играчката ќе ја тера и тренерската кариера што ќе биде нов почеток за него.