Екипата на ГОГ, која беше една од најпријатните изненадувања во тековната сезона од Лигата на шампионите и успеа да стигне до четвртфинале, во кое немаше многу среќа бидејќи за ривал ја доби Барселона, е во потрага по нов тренер.
Актуелниот тренер на ГОГ, Николај Киркау, по завршувањето на тековната сезона ќе се пресели во Бундес лигата, односно во екипата на Фленсбург, па така раководството на клубот од Гудме активни работи на создавањето на тимот за новата натпреварувачка сезона.
Според инфорнациите на исландските медиуми, пред потпис со ГОГ се наоѓа тренерот на Валур, Снори Гудјонсен. Станува збор за искусен тренер, кој со исландскиот тим покажа солидни резултати во Лига на Европа. Гудјонсен во својата богата кариера во два наврати го носеше дресот на ГОГ, од 2007 до 2009, и од 2012 до 2014 година.
За репрезентацијата на Исланд настапуваше од 2001, па до 2016 година. Најголемиот успех го постигна на Олимписките игри во Пекинг (2008) кога Исланд го освои среброто. Две години подоцна, на континенталниот собир во Австрија, со своите репрезентативни колеги се радуваше на бронзениот медал.
На клупско ниво мина во многу клубови, беше дел од Ница, Селест, Рајн Некар, Копенхаген, Минден, ГОГ…