Тренер на Ристовска, стана селектор на пионерките на Русија

Асистентката на Флорентин Пера во ЦСКА Москва, Олга Акопјан доби нова задача во својата тренерска кариера и покрај тоа што е во клубот таа ќе ја предводи селекцијата на Русија на девојки родени 2006 и 2007 година.

Aкопјан својта тренерска кариера ја почна во 2019 година во тимот на ЦСКА Москва каде што почна да работи како асистент. Во еден период пред назначувањето на Флорентин Пера и самата ја водеше екипата на ЦСКА Москва и ја предводеше како прв тренер.

Сепак, не доби доверба за да биде прв тренер и остана со улогата на помошник.

Покрај ова таа е асистент и во репрезентацијата на Русија, но сега добива прва одговорна функција бидејќи ќе треба да ги селектира најмладите од кои подоцна ќе се бараат новите репрезентативки на Русија.