Претстојната сабота во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија ќе се одржи семинар на ракометни тренери.
Овој семинар има задолжителен карактер и сите тренери што ќе водат екипи што се дел од натпреварувањата на РФМ во новата сезона мора да ја поседуваат.
Свои предавања на 17 јуни во Охрид ќе имаат професорот Гино Стрезовски, потоа Камер Металари, Ице Соколески и Раде Стојановиќ.
Тренерската лиценца што ја доделува Здружението на ракометни тренери е задолжителна за сите што ќе водат екипи во било која категорија од натпреварувањата под капата на РФМ.
Во Охрид би требало да бидат присутни повеќе од 100 тренери.