Тренерот на Фуксе Берлин, Јарон Сиверт, по еден месец се враќа на клупата на „лисиците“ и ќе го води тимот на вечерашниот дуел со Штутгарт од Бундес лигата.
Сиверт имаше мал мозочен удар на почетокот на авугст, па беше подложен на разни медицински прегледи, но доби зелено светло од лекарите и се враќа на работа.
„Среќен сум што се вратив. Благодарен сум на сите од клубот, особено на Боб Ханинг. По првичниот шок сега сум 100% ментално и физички подготвени и мотивиран за сезоната со тимот“, вели Сиверт.
„Лисиците“ стартуваа со две убедливи победи во Бундес лигата и имаат шанса да ја продолжат серијата на мечот со Штутгарт.