Тренерот на ривалот на Еурофарм Пелистер во ЛЕ мора да плати казна за навреда на судиите

Ракометниот Суд во Европската ракометна федерација донесе одлука за казна на словенечкиот стратег Бранко Тамше.

Тренерот на Нексе ќе мора да плати казна од 750 евра, како резултат на неспортското однесување на натпревар од Лигата на Европа.

Тој ги навредувал официјалните лица на дуелот што Нексе го играше против Магдебург на гостински терен кон крајот на минатата година.

Нексе е осминафинален ривал на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа, а дуелите се на 29 март во Нашице и 5 април во Битола.