Тренерот на Металац смисли нов предизвик: Години + склекови = 101! (ВИДЕО)

Покрај големиот дел предизвици кои се појавуваат за време на карантинот поради коронавирусот, има и еден нов кој доаѓа од тренерот на тимот на Металац.

Тој зададе формула која вели Х+Y=101. При оваа ситуација Х=години, а Y=склекови. Затоа од 101 одземете ги годините и направете склекови според бројот којшто ќе го добиете.

Интересен предизвик или челинџ, како сакате. Тренерот Јума има 61 година, па направи 40 склекови. Сето тоа е снимено, погледнете!