Поранешниот селектор на машката репрезентација на Германија, Кристијан Прокоп, кој во текот на месец јуни, 2021 го презеде кормилото на Хановер, во бундеслигашот ќе остане и во наредните две сезони.
Раководството на Хановер денес соопшти дека е продолжена соработката со Прокоп, па така искусниот стратег во тимот на Филип Кузмановски ќе остане до јуни, 2025 година.
Прокоп во Хановер пристигна на местото на Карлос Ортега и со своите избраници оствари солидни резултати во најквалитетната лига на светот.
43 годишниот тренер од 2017 до февруари, 2020 година, беше селектор на германската репрезентација. Во својата кариера, работеше како тренер во голем број на клубови кои се натпреваруваа во Бундес лигата како Лајпциг, Магдебург и Есен.
Хановер минатата сезона во Бундес лигата заврши на 12. позиција, додека за оваа сезона амбициите на клубот се поголеми, па така по 11 одиграни натпревари Хановер се наоѓа меѓу најдобрите десет клубови во Германија и има голема шанса да обезбеди излез на европска сцена.