Стратегот на Елверум, Борге Лунд на една недела пред ждрепката за групите од Лигата на шампионите вели дека во оваа сезона неговите момци тешко ќе можат до добар резултат.
Екипата од Норвешка дојде до место во групната фаза од Лигата на шампионите со валјд-карта, па јасно е дека против помоќните ќе биде многу тешко да се игра.
„Екипата од Елверум со население кое е пмалку од 20.000 се најде меѓу најдобрите 16 екипи во Европа. Ова е апсолутно енверојатно. Ова е одлично за целиот град и за сите кои работат во клубот. Ќе бидеме аутсајдери на сите натпревари, но го познавам овој спорт доста добро и сигурен сум дека секој натпревар има смисол. Мислам дека можеме да ја искористиме широката ротација на сите натшпревари и тоа е голема предност“, вели Лунд.
Елверум ќе има што да покаже на домашен терен, но јасно е дека на гостински терен тешко ќе може до подобар резултат.