Тренерот на Бешикташ бара крај на сезоната во Турција и титула за неговиот тим

Стратегот на тимот на Бешикташ, Муфит Арин вели дека сезоната во Турција треба да биде затворена со официјализирање на новиот шампион, а тоа би требало да биде неговиот тим кој по 16. пат би стигнал до трофејот.

Тој го искажа своето размислување околу ситуацијата со оглед на тоа што и во Турција почнаа да се соочуваат со тешки моменти во битката со коронавирусот.

„Треба правилно да го видиме процесот и да донесеме вистински одлуки. Економијата ќе доживее пад, а следната сезона ќе биде навистина тешка. Дома сме веќе месец и пол и ќе ни бидат потребни најмалку месец дена за да можеме дасе подготвиме за да се вратиме на натпреварите. Со оглед на тоа што коронавирусот може да трае и до август лигата тешко дека ќе продолжи. Затоа сметам дека треба по административен пат да биде прогласен шампионот и да ни биде доделена титулата“, вели Муфит Арин.

Бешикташ е тим кој доминира во првенството на Турција и кој нема конкуренција во последните неколку сезони.