Стратегот на Барселона, Чави Пасквал после одлагањето на операцијата на простата поради коронавирусот конечно на 26 мај беше подложен на хируршка интервенција.
Една недела после зафатот тој е веќе подобро и информациите од клиниката и докторскиот тим се дека се чувствува добро и дека е веќе пуштен на домашно лекување.
Според она што се очекува тој наскоро ќе може да се врати на извршување на своите обврски во клубот така што ќе може навреме да заздрави целосно и да се стави на располагање на потребите на екипата.