Бројот на ракометни тренери кои поседуваат мастер лиценца се зголемува постојано, а ново име на оваа листа е Оливер Димитриоски кој во последното финале од Купот на Македонија дојде до победа со екипата на Металург. Тој во финалето славеше против Вардар изборувајќи се за трофејот во ова натпреварување.
Тој во последните денови беше на семинарот во Србија каде што ја бранеше својата тема со што се стекна со мастер лиценца со што се приклучи на долгиот список на стратези кои поседуваат можност за работа во клубови и во репрезентации на високо ниво.
Димитриоски и понатаму работи во екипата на Металург, а во моментов е тренер на кадетскиот состав.