„Требаше да учам, а не да бидам прв тренер на ЖРК Вардар”

"Тоа беше многу тежок, многу нервозен период за мене во кој бев буквално растргната меѓу семејството и клубот."

Од обичен ракометен гледач Ирина Дибирова во март 2017 година ќе седне на клупата на ЖРК Вардар без тренерско искуство и без тренерска лиценца, за на двапати да го води тимот на Ф4 во Будимпешта во Лигата на шампионите.

„Основна лиценца, она прво ниво, добив во Русија, по завршувањето на кариерата, а сега веќе учам и за мастер коуч.“ – објасни Ира и продолжи: „Ми беше понудено да му бидам асистент на Давид Дејвис и тоа за мене беше интересно, да пробам да учам како помошник. Но потоа се случи Давид да се врати во машкиот тим и бидејќи беше некој чуден (лош) период од сезоната и ЖРК Вардар не можеше да најде тренер и ме поставија мене за прв тренер. Но тоа беше многу тежок, многу нервозен период за мене, во кој бев буквално растргната меѓу семејството и клубот. Кога ќе се потсетам, прво гостување на Вардар со мене како прв тренер и се пакувам да одам, и ноќта ќерката крена температура, немав на кого да ја оставам или кој да ми помогне, и не заминав на тоа патување… Од Тимур секогаш имам поддршка, но и тој со неговите професионални обврски не можеше ништо да стори. Многу тешка ситуација за мене. Од внатре сакав да бидам во ракометот, но не така брзо, одеднаш да станам прв тренер. Не можев да ги одбијам, како да го оставам клубот без тренер? Во тој момент почувствував дека не треба да ја оставам екипата на цедило, па морав да жртвувам многу и од приватниот живот.“

Целосното интервју со Ирина може да го прочитате подолу.

ИНТЕРВЈУ ИРИНА ДИБИРОВА: За ЖРК Вардар да освои титула требаше време, континуитет и среќа, а тоа го немаше