Австрискиот тим Ферлах и чешкиот Робе Зубри, иако годинава требаше да одиграат две кола во ЕХФ Купот, сепак тоа не се случи.
И покрај двете екипи директно и без борба обезбедија место во осминафиналето од најслабото европско клупско натпреварување.
Сите ривали на Ферлах и Робе Зубри и во второто и во третото коло се откажаа од настапи поради финансиски и корона причини, па ЕХФ им додели службени победи и пласман во наредната фаза.
Ферлах требаше да игра со чешката Карвина и со норвешкиот Драмен, додека Робе Зубри не излезе на мегдан на швајцарскиот Сент Гален и исландскиот Хафнарфјордур.