Некогашната ракометарка на Вардар, Драгана Цвијиќ, сега со успех настапува за унгарскиот вицепрвак Ференцварош.
Таа за „Немзети Спорт“ раскажа за нејзината трансформација и за моментот кога пред осум месеци решила радикално да го промени својот животен стил и начинот на исхрана. Србинката сега има помалку килограми во споредба со претходно.
„За првпат во животот се решив на овој чекор. Немаше притисок од клубот, тоа беше мое решение. Oвој тим е создаден за големи нешта и сакам да бидам дел од тоа со најдоброто од себе. Мислам дека можам да бидам подобра на овој начин. Порано не обрнував внимание на квалитетен појадок. Сега се е поинаку. Јадам во претходно одреден период. Почнав да се чувствувам подобро во сите аспекти. Симнав голем товар од грбот. Тимот и навивачите заслужуваат една енергична Драгана Цвијиќ, подготвена за борба во секој момент. Јас заслужувам да бидам во добра форма и да играм ракомет на начинот на кој сакам“, вели Цвијиќ.
Цвијиќ со Ференцаврош минатата сезона стигна до финалето на Лигата на шампионите, а сезонава тргнаа со пораз од Мец на домашен терен.