Поради повреда на репрезентативката на Црна Гора, Ѓурѓина Јауковиќ, екипата на Брест Бретањ мораше да најде соодветна замена на позицијата лев бек бидејќи освен на домашна сцена, француската екипа се натпреварува и во Лигата на шампионите.
Раководството на клубот одлучи да ја ангажира големата надеж на хрватскиот ракомет, Ана Марија Гавриќ од Локомотива Загреб.
Трансферот беше успешно реализиран и ракометарката веднаш беше регистрирана за настап во Лигата на шампионите. Освен Гавриќ, на левата бековска позиција во Брест Бретањ настапува и репрезентативката на Франција, Ниакате , како и интернационалката од Норвешка, Тоње Лосет.
Се очекува ракометарката од Хрватска својот деби настап во Лигата на шампионите да го има овој викенд во Унгарија. Брест Бретањ против ФТЦ во Будимпешта го очекува дерби натпреварот во рамките од 6. коло во Групата А.