Средниот бек Борис Ристовски во пролетниот дел од сезоната ќе ги брани боите на Вардар Неготино.
Велешанецот, кој немаше голема минутажа во Тиквеш, ќе игра за прволигашот со суперлигашки амбиции во неизвесниот плеј-оф во кој првото место носи бараж за елитната конкуренција.
Ристовски потекнува од Борец, пред да направи трансфер во Вардар Неготино, а потоа и во Тиквеш. Од Кавадарци се враќа во Неготино и ќе формира дуо со Драган Кузманов на плејмејкерската позиција.
Вардар Неготино го доби еден од најтешките ривали во Купот на Македонија и ќе игра против Еурофарм Пелистер на крајот на февруари, а потоа ќе ги започне и борбите во прволигашкиот плеј-оф со Скопје, Куманово, Металург РА, Јехона, Шампион, Драчево и Аеродром.