- Шпанското десно крило Феран Соле го продолжи за уште една сезона договорот со францускиот првак ПСЖ и ќе остане во Париз најмалку до јуни 2024 година. Тој дојде од Гранољерс во 2020 година и се наметна како еден од најдобрите стрелци во тимот на Раул Гонзалес.
- Шпанските медиуми пишуваат дека договорот на Блаж Јанц со каталонскиот гигант Барселона, кој има важност до 2024 година, ќе биде продолжен, но нема информација на колку сезони.
- Словенечкиот среден бек Алекс Влах според пишувањата на „Дело“ би требало да биде нов играч на данскиот Алборг. Влах игра одлична сезона во дресот на Целје во Лигата на шампионите и би бил големо засилување за Алборг. Ова значи дека претходно најавуваниот трансфер на Домен Макуц нема да биде реализиран.
- Според „RTHandball“, Барселона на лето би можела да се раздели со португалскиот репрезентативен пикер Луиш Фраде. неговата замена би требало 21-годишниот член на Торелавега, Хаиме Гаљего.
- Европскиот првак со Германија од 2016 година, Штефан Фет, нема да го продолжи својот престој во бундеслигашот Ерлаген. Тренерот Раул Алонсо веќе му ја соопштил одлуката на Фет и тој е во потрага по нов клуб.
- Данското десно крило Симоне Бом, го напушти турскиот првак Кастамону. По Катарина Јежиќ, таа е втората ракометарка што си оди од учесникот во Лигата на шампионите оваа сезона.
- „RTHandball“ најави трансфер на шведскиот репрезентативен пивот Оскар Бергендал од бундеслигашот Штутгарт во ПИК Сегед. Ова доаѓа по веста дека летото во 2024 година, унгарскиот првак ќе остане без Миклош Рошта.
- Според шпанскиот „Cadenaser“, специјалистот за одбрана Хедеон Гвардиола, по крајот на оваа сезона би можел да се раздели со бундеслигашот Лемго. Гвардиола посакува камбек во татковината, а Адемар Леон е најсериозен кандидат за неговиот потпис.
- Унгарскиот првак Ѓер објави дека е продолжена соработката со корејскиот десен бек, Рио Јин Хи. 32-годишната ракометарка потпиша нов договор до 2024, кој може да биде продолжен за уште една сезона.