- Унгарскиот репрезентативец Бока Бендегуз, кој имаше одлични партии на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, останува и следната сезона во тимот на Балатонфуреди, откако потпиша нов едногодишен договор.
- Словенечката репрезентативна голманка Бранка Зец, го напушта тимот на Гепинген и ќе настапува за составот од Втората лига, Ваиблинген. Во овој тим настапува и македонската репрезентативка Симона Николовска.
- Тимот на Архус го продолжи договорот со десниот бек Шарлот Микелсен, а донесе и две засилувања од Норвешка. Од Упсал доаѓа исландската репрезентативка Теа Стурлудотир, а од Акер доаѓа Мариел Мартенсен.
- Швајцарецот Лукас Фондешванден, по три години играње во германскиот Штутгарт и францускиот Шамбери, на лето се враќа во својот Вакер Тун со кој потпиша договор на две сезони.
- Норвежанката Надја Офендал на лето го напушта данскиот тим Оденсе и ќе ја продолжи кариерата во францускиот Париз 92, со кој потпиша договор на две сезони.
- Десното крило Јерко Матулиќ нема да го продолжи договорот со Висла Плоцк, а раководството на полскиот вицепрвак планира да го пополни местото со домашен играч.
- Унгарскиот Ѓенѓеш ги продолжи договорите со четворица играчи на уште една сезона. Станува збор за Урош Виловски, Милан Варшандан, Мартин Граф и Марк Хегедус. Ѓенѓеш е многу бликсу да биде зад Веспрем и ПИК Сегед во големата тројка.