- Словенечкиот шампион Крим за објави дека е продолжена соработката со екс ракометарката на Вардар, Барбара Лазовиќ, потоа некогашната голманка на Бразил, Барбара Аренхарт, една од најдобрите репрезентативки на Русија, Дарија Дмитриева, како и со трите словенечки репрезентативки – Ема Абина, Тјаша Станко и Аља Варагиќ. Во новата сезона клубот ќе го засилат пет ракометарки, меѓу кои и Итана Грбиќ и Тамара Мавсар, кои беа дел од некогашниот македонски шампион Вардар.
- Моментално најдобриот стрелец во шампионатот на Полска, Тарас Миноцки, од следната сезона ќе настапува во амбициозниот тим Горњик Забже. Иако репрезентативецот на Украина беше на мета на Висла Плоцк, сепак, во следните три сезони ќе настапува за моментално третопласираниот полски суперлигаш. Левиот бек од Тарнов на 37 одиграни натпревари во најквалитетното натпреварувањње во Полска, постигна 154 погодоци.
- Поранешната голманка на Будуќност и репрезентацијата на Германија, Клара Волтеренг, останува тренер на голманите во поранешниот учесник од Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд. Искусната голманка, која со Будуќност во сезона 2011/12 и 2014/15 ја освои титулата во Лигата на шампионите, важи за една од најдобрите германски ракометарки на сите времиња.
- Репрезентативката на Швајцарија, Керстин Кундинг од Битингхјам ќе направи камбек во Турингер. Средниот бек во сезона 2021/22 беше дел од Турингер, потоа замина за Виборг, но од декември 2022 повторно го облече дресот на Битингхјам. Раководството на Турингер со интернационалката од Швајцарија се договори на двегодишна соработка.