- Поранешниот европски шампион ЧСМ Букурешт за следната натпреварувачка сезона го ангажираше првото засилување. Репрезентативката на Полска, Моника Коблинска, која моментално го носи дресот на Брест Бретањ, со раководството на романскиот шампион се договори на двегодишна соработка. Искусната ракометарка од 2019 година настапува за Брест Бретањ, а во својата кариера играше и за екипите на Мецинген и Гдањск.
- Еден од големите надежи на францускиот ракомет, кружниот напаѓач Тео Монар го продолжи договорот со Нант. Младиот ракометар, кој има 21 година со Нант потпиша нова соработка, со важност до јуни, 2026 година. Монар веќе четири сезони настапува со Нант и на европска сцена, а во сезона 2020/21 беше стрелец на 19 гола во Лигата на шампионите.
- Репрезентативецот на Данска и актуелен член на Алборг, Симон Гаде по три сезони минати во данскиот гигант, во следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик. Голманот на Алборг на лето ќе се пресели во тимот на Магдебург, пренесува „RTH Handball“. Гаде во својата кариера настапуваше и за екипата на Холстебро.
- Според „RTH Handball“ репрезентативецот на БиХ, голманот Бенјамин Буриќ ќе биде замената за Никлас Ландин во Кил. Откако стана јасно дека Ландин во следната сезона ќе настапува за Алборг, раководството на ,,зебрите” се активираа на трансфер пазарот, а во следниот период би требало да има официјална промоција на босанскиот голман во европскиот гигант.
- Еден од повремените репрезентативци на Шведска, Филип Хенингсон го продолжи договорот со Кристијанштад. Искусниот ракометар во клубот од Шведска ќе остане до јуни, 2025 година. Хенинсгон од 2015 до 2020 година го носеше дресот на Кристијанштад, а пред неговиот камбек во тимот, една сезона мина во Бундеслигата, поточно во екипата на Вецлар.