- Српскиот репрезентативен голман Владимир Цупара го продолжи договорот со унгарскиот гигант Веспрем на една сезона, со можност да биде продолжен за уште една ако двете страни се задоволни од соработката.
- По тренерот Улрик Киркели, унгарскиот Ѓер се пофали и со првото засилување за наредната сезона. Станува збор за бразилскиот среден бек Бруна Де Паула, која доаѓа од францускиот Мец и потпиша договор до 2025 година.
- Романскиот ЧСМ Букурешт објави дека е потпишан договор со норвешката репрезентативка Вилде Ингстад, која по седум сезони заминува од данскиот Есбјерг. Таа потпиша со ЧСМ Букурешт до 2025 година, а договорот со романскиот тим го продолжи и голманката Мари Давидсен за две сезони.
- Словачкиот Татран Прешов објави дека ги пополнил своите редови со полскиот среден бек Лукаш Гоголеј, кој доаѓа од францускиот тим Селеста. 25-годишниот Полјак се обврза да остан во Татран до крајот на сезоната.
- Кружниот напаѓач Паулета Попа, која имаше одлични настапи за Франција на последното ЕП во Македонија, потпиша нов договор со Брест Бретањ и ќе остане во овој клуб најмалку до 2027 година.