- Репрезентативецот на Србија и актуелен член на Веспрем, Владимир Цупара во следната сезона ќе настапува во амбициозниот проект на Динамо Букурешт, кој е предводен од шпанскиот стратег Чави Паксвал, пренесува „RTH Handball“. Двете страни се блиску до постигнување на договор и во следниот период треба да биде официјализирана соработката.
- Екипата на Олимпијакос се засили со репрезентативец од Холандија. Станува збор за средниот бек Флоренд Бурже. Искусниот ракометар, кој со ,,лалињата” настапи на Европското првенство 2022 реши да си замине од француски Нанси и да ги засили редовите на грчкиот суперлигаш.
- Голманот на Алборг, Симон Гаде во следната сезона ќе го носи дресот на Хановер, клуб во кој што настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Данецот во бундеслигашот ќе остане до 2025 година. Голманот, кој има 26 години, токму во Хановер ќе го има првиот интернационален предизвик. Гаде од 2020 година го носи дресот на Алборг, а претходно настапуваше за Холстебро.
- Репрезентативката на Франција, Естел Нзе Минко нема намера да си оди од Ѓер. Искусната ракометарка и раководството на Ѓер се договорија на нова соработка. Французинката со Ѓер имаше договор до јуни, 2023 година. Двете страни ја продолжија соработката на уште една сезона, со важност до јуни, 2024 година.
- Некогашната надеж на Унгарија, Симонета Планета ја продолжи соработката со Дебрецен. Искусната ракометарка, која во својата кариера играше и за европскиот гигант Ѓер, во редовите на Дебрецен ќе остане најмалку до 2025 година. Планета редовите на Дебрецен ги засили во минатата сезона. За клубот одигра 42 натпревари и постигна 145 погодоци во најквалитетното натпреварување во Унгарија.