- Словенечкиот шампион Целје продолжува да го составува тимот за следната сезона, во која клубот ќе има поголеми амбиции. Нови ракометари во тимот на Алем Тоскиќ ќе бидат левите бекови Урош Миличевиќ и Ник Чировиќ. Миличевиќ во екипата на Целје ќе пристигне од Рико Рибница, додека Чировиќ, од Ормож.
- Бундеслигашот Магдебург успеа на долгорочна стаза да го задржи репрезентативецот на Исланд, Гисли Кристијансон. Исланѓанецот во Магдебург пристигна во текот на 2020 година од редовите на Кил и веднаш се покажа како главна алка во новиот тим. Средниот бек и раководството на Магдебург се договорија на нова соработка, со важност до 2028 година. Претходниот договор на Кристјансон беше со важност до крајот на сезоната 2024/25.
- Репрезентативката на Хрватска, Ќамила Мичијевиќ на крајот од оваа сезона ќе го напушти тимот на Мец, во кој мина три сезони. Нејзиниот актуелен клуб соопшти дека Мичијевиќ во новата натпреварувачка сезона ќе го носи дресот на Париз. Искусната ракометарка, која ја водеше Хрватска до бронза на ЕП 2020, неодамна се врати на ракометните терени, откако паузираше подолг временски период поради повреда.
- Актуелниот шампион на Хрватска, Локомотива Загреб, во која настапува репрезентативката на Македонија, Андреа Седлоска, го ангажираше првото засилување за следната сезона. Во клубот предводен од Ненад Шоштариќ ќе пристигне репрезентативката на Украина, Марија Гладун. Голманката во последниве две сезони настапува во Бундес лигата и го брани голот на Фуксе Берлин. Наскоро клубот од хрватската престолнина треба да промовира уште неколку засилувања.